Прилепските тутунари утрово го блокираа патниот правец Прилеп-Плетвар, во рамки на протестот со кој бараат нов закон со кој ќе се забрани увозот на тутун.
Незадоволните тутунари нагласија дека субвенциите сѐ уште не се исплатени, најавувајќи нови протести и блокади доколку нивните барања не бидат исполнети.
Тие бараат да се зголеми откупната цената, сите откупни пунктови да проработат и да се исплаќа за фактичката класа на тутун.