Според соопштеноето на АД ЕСМ на 29 јануари АД Електрани на Северна Македонија објави Повик за претквалификација за инженеринг, набавка и изведба – ЛОТ1 (ветерни турбини и фундаменти) и ЛОТ2 (пристапни патишта, кабловска мрежа) за проектот Парк на ветерни електрани Богданци втора фаза.
АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de).
Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот во делот наменет за проекти финансирани со кредити од KfW банка и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на KfW банка. Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот.
Рок за доставување на апликациите е 2 март 2020 година.
Со втората фаза се врши зголемување на капацитетот на постоечкиот парк на Ветерни
Електрани Богданци за дополнителни 13.2-15 MW. Планираната инвестиција на
проектот е 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра од германската KfW банка и
3 милиони евра средства на АД ЕСМ, се вели во соопштението на АД ЕСМ.
M.M.