Британскиот премиер Борис Џонсон порача дека нема да прифати усогласување со законите на ЕУ кога Британија ќе преговара за трговскиот договор со Брисел, пренесува Би-би-си.
Џонсон ќе го искористи утрешниот говор да ги зајакне неговите ставови пред да започнат трговските преговори, по излегувањето на земјата од европскиот блок.
Преговарачот од ЕУ, Мајкл Барниер исто така ќе ги истакне неговите ставови во заедничките разговори, кои треба да започнат следниот месец.
Европските лидери изразија жалење поради повлекувањето на Британија од ЕУ.
Во она што се опишува како сеопфатен говор, Џонсон ќе и` каже на Европската Унија дека неговата земја е подготвена да прифати царински проверки на границите на Велика Британија, доколку не може да обезбеди вид на трговски договор што го сака.
Една опција што Премиерот би можел да ја поддржи ќе биде договорот за слободна трговија во Канада, кој овозможува трговија без поголемо количество тарифи за поголем дел од стоките, но не вклучува и доминантна индустрија за услуги во Велика Британија.
Извештаите во изминатите денови сугерираат дека началниците на ЕУ сакаат Велика Британија да продолжи да ги следи правилата на Брисел за стандарди и државни субвенции, прифаќајќи ја надлежноста на Европскиот суд за правда во какви било трговски спорови.