Двајца жители на кумановско Љубодраг истепале вработен во Градски паркинг Скопје зошто биле незадоволни дека морале да платат казна за непрописно паркирање.
Според информациите на МВР, инцидентот бил пријавен вчера околу 16.20 часот, а се случил на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром. З.М.(59) и Г.М.(34) физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје, а според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.