На видеосервисот Јутјуб е објавен новиот трејлер за претстојниот филм „Брзи и бесни 9“.
Новото продолжение на популарната филмска франшиза доаѓа оваа пролет, а во новиот трејлер се навестува што им носи филмот на познатите улични тркачи што исто така се суперхерои.
Поточно, во видеото станува збор за сцена во која се гледаат актерите Вин Дизел и Мишел Родригез во нивните улоги на Дом и Лети во опуштена атмосфера додека поминуваат време со својот син.
Исто така, во гаражата се гледа црн полнач, а се слуша и гласот на Дом, кој вели дека веќе не може да го живее стариот живот сега кога е татко. Лети му дава на малиот Брајан синџир со крст за да го „заштити од она што доаѓа“.
Малку работи се познати за новиот филм, освен дека нема да се појави Двејн Џонсон, а Џордана Брустер ќе се појави во улогата на Миа.