Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба, со овој транспарент пратеници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Антонијо Милошоски се обидоа да го блокираат говорот на јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Тие не седеа на местата предвидени за пратеници, туку на местото од каде новинарите ја следеа расправата за законот за јавното обвинотелство. Претседателот на комисијата за политички систем на кратко ја прекина расправата и рече „ги молам колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат од овој циркус”.
По ова Милошоски придружуван од пратениците Дафина Стојановска и Горан Манојловски ја напуштија новинарската галерија.
Пред одржувањето на јавната расправа, еден од условите на опозицијата беше да се одржи таа и да биде присутен Јовески.