Непознати сторители деновиве скршиле и опожариле десетина нови канти за ситен отпад во Старата скопска чаршија, информираат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Од таму додаваат дека корпите за отпад биле поставени пред неколку месеци, поточно во октомври минатата година, на барање на Здружението на занаетчии на Чаршијата, со цел да се подигне нивото на хигиена во Скопската чаршија, која важи за туристичка локација во центарот на градот.
– При поставувањето на корпите за ситни отпадоци упативме порака дека од граѓаните очекуваме со својот однос и постапки што подолго време да ги сочуваат функционални и неоштетени, а денеска апелираме веднаш да престане уништувањето на опремата, имајќи го предвид фактот дека во текот на 2019 година се опожарени 137, а од почетокот на новата година дури шест контејнери за одлагање на отпад – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена, Абдусамед Шабани.