Од град Скопје информираат за уништен видиковец на врвот на Водно. Како што соопштија градските власти на Фејсбук, непознати сторители деновиве на јужната страна на врвот на Водно уништиле видиковец. При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е скршена и запалена.
Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот.
УНИШТЕН ВИДИКОВЕЦ НА ВРВОТ НА ВОДНОНепознати сторители деновиве уништиле еден видиковец на јужната страна на врвот на…
Posted by Град Скопје on Петок, 17 јануари 2020