Сириската авиобаза Тифор, во источниот дел од земјата, во провинцијата Хомс, синоќа била цел на напад на дронови и ракети, јави сириката агенција САНА.
Според информациите, соборени се дронови и ракети. Се уште не е познато кој ја нападнал базата.
Израелските воздухопловни сили во последните години повеќепати ги погодиле сириските воздухопловни сили Т4 или Тииас. Медиумите јавуваат дека неидентификувани авиони погодиле неколку објекти на воениот аеродром во базата. Наводно, биле испалени 8 проектили, од кои шест ги соборил сирискиот ПВО.
Засега нема информации за евентуални жртви.