Со поставената софра со квалитетното вино на „Стоби“, нуркачкиот центар „Амфора“ првпат го запали традиционалниот василичарски оган под вода во Охридското Езеро, кај музејот на вода, и на интересен начин ја честита Стара нова година.
– Првпат решивме да го запалиме традиционалниот оган за Василица под вода, за да направиме нешто интересно и да ја честитаме Стара нова година. Печевме колбаси под вода и гозбата ја залеавме со виното на „Стоби“. Идејата беше на Јован Секулоски. Тоа е наш мал придонес за претстојните празници кои традиционално се слават во Охрид – вели Милутин Секулоски, инструктор-тренер од нуркачкиот центар „Амфора“.
Нуркачите од „Амфора“ на тој начин се вклучија во организацијата на Охрид во празнувањето на претстојните празници Богојавление – Водици и Свети Јован крстител – денот на рибарите. М.Ж.