Поротничката во случајот ТНТ, Лилјана Ивановска-Кочковска вторпат се обрати до судот и поднесе неотповиклива оставка во судот. Како причина наведува дека има здравствени проблеми. Ова значи дека „ТНТ“ се враќа на почеток.
„По вторпат се обраќам, на 13.01.2020 година, од Лилјана Ивановска-Кочковска, судија поротник во овој суд, дава неотповиклива оставка. Таа кажува дека и престанал судскиот мандат. Таа кажа дека има здравствени проблеми. Вели дека се извинува и се заблагодарува“,рече судијата Ставрев.
Бидејќи Советот не е во полн состав, постапката за „ТНТ“ почнува одново. Ставрев не сакаше да ја коментира оставката.
„Одбраната и обинетите тврдевте дека ова не го правите поради одоголвлекување постапката, ниту нејзино запирање, ако е така, потврдете се сами себе, ќе ја отпочнеме постапката одново, меѓутоа да не почне макотрпно како досег, туку читајќи се што беше изведено”, рече Ставрев.
Следното судење е закажано за утре.
Судењето измиантиов период е во сенка на преписките и обвинувањата околу мандатот на поротничката. Адвокатите на обвинетите на неколку рочишта за случајот „ТНТ” укажуваа на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Лилјана Ивановска-Кочовска е завршен на 24 декември 2019 и дека според Законот за кривична постапка, доколку дојде до каква било промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да почне од почеток.