Најмалку 11 лица загинаа, а над 1.000 летови се откажани, стотици илјади лица останаа без струја во седум американски сојузни држави, кога бурата, што со себе донесе снег, замрзнат дожд и град, ги погоди подрачјата од Тексас до Мичиген.
Националната метереолошка служба соопшти дека додека бурата се движела од Тексас, преку југоистокот на САД и Големите езера до Мејн, на крајниот североисток на земјата, вчера и завчера биле регистрирани налети на ветрот со сила на ураган, град со големина на топче за голф и височина на снегот од пет до 13 сантиметри, пренесоа британските медиуми.
Околу 200.000 домови и фирми ширум Тексас, Луизијана, Мисисипи, Арканзас, Тенеси, Илиноис и Мичиген останале без струја.
На Меѓународниот аеродром во Чикаго се откажани или одложени најмногу летови, околу 1.000. Според наводи на меторолози, во торнадата се оштетени или уништети згради во Арканзас и Мисури.