Салото од стомакот е еднакво визуелно атрактивно и опасно за здравјето – висцералните маснотии што ги обложуваат внатрешните органи можат да ни создадат сериозни здравствени проблеми. Токму поради првата причина повеќето луѓе донесуваат новогодишна одлука дека ќе се ослободат од него, но не е лесно да се снајдете во морето од совети, па ви донесуваме неколку едноставни совети како да го направите тоа без големи проблеми и без гладување.
Комбиниран тренинг – Со вежби за сила и аеробна активност, за брзо топење на маснотиите од стомакот, но и бутините, а тоа значи и бришење на целулитот, доста е важно да се комбинира тренингот со висок и низок интензитет. На тој начин ќе го поттикнете телото да троши енергија еднакво од складираните маснотии и шеќери.
Исхрана – Кога зборуваме за слабеење, нештата се многу едноставни. За да има ефект треба да се добие калориски дефицит, односно да се внесуваат помалку калории од потрошените. Изберете квалитетна храна и вистински артикли. Намалете го внесувањето јаглехидрати и исфрлете ги шеќерите, односно процесираната храна што изобилува со шеќери. Јадете овошје и зеленчук, домашни супи и пијте многу вода.
Животен стил – Најголем ефект при слабеењето ќе постигнете ако го смените животниот стил што најмногу ви одговара. Изберете начин на рекреација во кој ќе уживате, а не оној што е во тренд.
Тренинг на сила – Вежбите за телото генерално се делат на два основни вида – кардио и тренинг на силата. Кардиовежбите ги топат калориите во моментот додека ги изведуваме, на пример кога трчаме и се потиме. Но тренингот на силата ни помага да добиеме мускули, а тие бараат енергија за секојдневно функционирање, односно ги трошат калориите и кога мируваат.