Жители на едно шпанско село слават Нова година на пладне затоа што не сакаат да бидат будни до полноќ. Станува збор за малото село Виљар де Корнеха во Шпанија, каде повеќето жители се над 80-годишна возраст.
Во Виљар де Корнеха живеат само 30 жители. Тие вчера ја прославија Новата Година на пладне, за да можат вечерта да си легнат порано. Оваа традиција почнала во 2004 година, и секоја година жителите се собираат на селскиот плоштад и традиционално јадат грозје.
Ѕвоното на пладне ѕвони 12 пати и на секое ѕвонење, секој јаде по едно зрно грозје, за кое постои верување дека ќе им донесе среќа наредната година.