Првото новороденче, кое се породи во Клиничката болница во Битола, само 5 минути по полноќ е женско.
Мајката Анита Мојсовска, на која ова и е прво бебе, на свет донесе здраво женско бебе, кое го доби името Евгенија, е тешко 3.530 грама.
Породувањето се случи спонтано и по природен пат, изјави началничката на Гинеколошкото одделение при Клиничката болница, при.д-р Елизабета Чипуровска.
Инаку нешто пред полоќ се породија две мајки,треторотки, кои на свет ги донесоа своите трети деца.
На среќната мајка, денеска напладне породувањето и го честита градоначалночката на Битола, Наташа Петровска, која и подари букет свежи цвекиња и парична награда од 20.000 ден.
М.М.