Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, ноќеска по полноќ ја затресе Албанија. Епицентарот бил 27 километри северо-западно од Драч во Јадранското море на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил регистриран во 2.53 часот, а бил почувствуван и во северозападните делови на земјава.
Албанија минатата година ја погоди катастрофален земjoтрес со катастрофални последици, во која над 50 лица ги загубија животите.
Земјотрес рано изутринава бил регистриран и во Босна и Херцеговина со јачина од 3.1 степени според Рихтер.