Доколку САД воведат трговски санкции за Кина, вклучително и зголемени царини за челик и за алуминиум, ниту еден трговски договор постигнат меѓу двете држави нема веќе да важи, соопшти официјален Пекинг.
Соопштението е објавено по разговори на кинескиот вицепремиер Ли Хе и американскиот министер за трговија Вилбур Рос.
Кина соопшти дека двете страни постигнале „позитивен и конкретен напредок“, но засега нема детали од разговорите.