Изборите во Турција несомнено ќе завршат во првиот круг, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Нема никаков проблем во однос на поддршката која ја уживаме според анкетите за јавно мислење. Јасно е дека изборите ќе завршат во првиот круг, изјави Ердоган во интервју за турската телевизија Стар.
Турскиот претседател, исто така, рече дека народот на Турција му е верен, и дека тој има „значителна предност што не може да се спореди со поддршката за другите партии”.
– Бројот на пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот во Ппарламентот треба да биде над 300 – рече шефот на државата.
Ердоган е претседател на Турција од 2014 година. Од 2003 до 2014 година беше премиер.
Во Турција ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори на 24 јуни.