Општината Кисела Вода со засадување 700 багреми реализира голема акција за пошумување на земјиштето покрај патот што води кон населеното место Теферич. Според планот на општинарите, треба да биде пошумена површина од 2.000 квадратни метри. Идејата е не само да се облагороди ова земјиште туку и да се спречи повторна ерозија на свлечиштето што се појави на санираниот пат.
– Општината овој месец целосно го санира свлечиштето и, во должина од 200 метри, го асфалтира патот. По акцијата за садење багреми на површината покрај патот ќе се постават летниковец и урбана опрема, клупи и канти за отпадоци – информираат надлежните од Кисела Вода.
Облагородениот простор, кој претходно беше запуштено место, сега ќе стане привлечно катче за прошетка, дружба и уживање на граѓаните.
За текот на акцијата вчера на терен се информира и градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со други општински претставници.