На далечниот исток на Русија, во близина на Комсомољск на Амур, се урна ловец Т-50 (су-57), соопштиле за „Спутник“ во администрацијата на Хабаровски крај.
Авионот не припаѓал на војската, туку на локалната фабрика „Гагарин“ која ги произведува авионите.
Инцидентот се случил на 120 километри од аеродромот „Џомги“, при тестирања на моторот.
– Ловецот падна за време на тестирање во тајгата, далеку од Комсомољск на Амур. Пилотот се катапултираше – изјавил градски службеник за „Тасс“. Состојбата на пилотот засега не е позната.
Експертите ја бараат црната кутија. Неофицијално, како главни причини за несреќата се посочуваат дефект на авионот и грешка при пилотот.
Авионот „су-57“ е руски ловец од петтата генерација. Првиот лет на овој авион е извршен во 2010 година. Руското Министерство за одбрана има нарачано 76 од овие ловци.