Демократската унија за интеграција на денешниот свој четврт изборен партиски конгрес ќе избира нов претседател, Конгрес на постојаноста составен од 1/3 од делегатите кои што ќе бидат постојани делегати, Партиска изборна комисија и Национален совет каде што ќе учествуваат и еминентни личности од јавниот живот од земјата и странство.
Исто така, ќе се усвојат статутарни промени со сите нови органи, вклучително и секретар за еднакви можности и пет резолуции како програмски приоритети: консензуална интеграција, ветинг, квалитетен живот, развој и работни места и младите на прво место како и декларација за нашите вредности.
-Убедени сме дека резултатот од Конгресот ќе придонесе врз градење на одржливи политики кои што ќе бидат од корист на сите граѓани на нашата земја – велат од ДУИ.
Конгресот ќе се оддржи со почеток од 15.30 часот во Спортско – рекреативниот центар „Кале” во Скопје.