Францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Брегот на Слоновата Коска и на неговиот 42-ри роденден му беше доделена титула на традиционален поглавар.
Титулата во Абиџан, почесно му ја доделил градоначалникот на престолнината на Брегот на Слоновата Коска, Робер Бегре Мамбре.
– Името кое од мене го побараа традиционалните и верски поглавари да ви го доделам е Нџекуала, односно оној кој го претставува мирот о ведрината, оној кој е во потрага за мир, кој со своите дела работи за мир – рекол Мамбре.
Тој нагласил дека Макрон сега е традиционален поглавар во согласност со најизворната традиција на Брегот на Слоновата Коска.
Францускиот претседател за време на посетата доби и традиционална облека на поглавар. Макрон рекол дека француските сили убиле 33 терористи во областа Мопти во Мали.