Тројца Албанци се уапсени за убиство на службеникот на граничната полиција на Црна Гора, Милутин Лековиќ, кој почина вчера како последица од ранување во Игало откако лекарите со часови се обидувале да му го спасат животот, пренесува „Спутник“.
На Лековиќ со пиштол во глава му пукале од задното седиште на службениот автомобил осомничените што тој претходно ги привел, пишуваат црногорски „Вијести“.
Напаѓачите попладнето биле уапсени во обид пешки да ја премина границата со Хрватска. Кога полицијата ги опколила, осомничениот за убиството на Лековиќ повторно пукал и бил ранет во размената на оган.
Осомничениот Луан Хасани (43) е државјанин на Албанија, баран во Албанија за убиство со умисла и обид за убиство и поседување огнено оружје и муниција. Нему му е одредена мерка затор. Со него во моментот на убиството биле и Љуљзим Хасани (49), баран во Албанија за убиство со умисла и поседување огнено оружје и муниција, како и Нура Хасани (67) барана во Албанија од 2018 година поради закани.
Лицата најверојатно се од Коплик, Албанија, иако тие тврдат дека се од Косово.