Најновата книга на словенечкиот филозоф со светска репутација Славој Жижек „Да се почне од почеток“, е објавена од „Везилка 2011“.
Книгата дава основен поглед на перцепцијата на авторот на општественото и политичкото. Неговото главно оружје и сила е неговиот стил: мешавина на психоанализата на Жан Лакан, филозофијата, секојдневната патологија, бројните примери на нкнижевноста, филмот, кладичната музика, политиката, спортот, физиката, популарната наука. И пред сѐ шегите.
Жижек е еден од ретките автори кој може да ги претстави тривијалните, банални поими на нетривијален начин, нив да ги поврзе најјасно и разбирливо со најзамрсени спекулативни филозофски и психоаналитички проблеми.