Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти.
Полицијата јави дека меѓу жртвите е шестгодишно девојче кое загина кога ѕид се срушил врз неа.
Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени при рушење на трикатна зграда, каде на приземјето имало продавница, јавија медиумите во земјата.
Уште неколку лица можно е да се заглавени под урнатините, а спасувачките операции беа привремено стопирани поради речиси 90 помали земјотреси што следеа по главниот удар.