Целиот екипаж на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ е успешно евакуиран по пожарот кој избувна за време на поправката во Мурманск, соопшти руското Министерство за одбрана.
Пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат пожарот што најпрво избувна во единицата за напојување, а потоа се прошири, пренесува „Ројтерс“ и додава, повикувајќи се на руските медиуми, дека е тешко да се дојде до местото каде што е пожарот поради густиот чад создаден од горење на каблите.
„Адмирал Кузњецов“ е единствениот носач на авиони на Русија и се користеше во воената кампања на Русија во Сирија за поддршка на сирискиот претседател Башар ел Асад.