Доскорешниот менаџер на европскиот фудбалски вицепрвак Тотенхем од Англија, Аргентинецот Маурицио Покетино (47) вели дека е „отворен за проекти“ во Европа, каде што планира да продолжи да биде тренер, пренесе Би-би-си. Тој пет години беше на кормилото на Тотенхем, а во ноември на негово место застана Португалецот Жозе Мурињо.
– Мојата намера е да се вратам во Европа како тренер. Има многу клубови и атрактивни проекти. Сега треба да почекам неколку дена и да видам што ќе се случи. Мојата прва одлука беше да се вратам во Аргентина, дома, да ги видам семејството и пријателите. Мојата најдобра одлука беше да заминам во Аргентина и 10 дена да се исклучам од сѐ. Но очекувам да се вратам во Европа и да решам што ќе правам – вели Покетино.