Фудбалската репрезентација на Македонија би можела да се најде во групите Ц или Ф на претстојното Европското првенство в година, доколку се пласира на континенталното натпреварување преку баражот од Лигата на нации. Ова е резултат од ждрепката за составот на групите за ЕП која беше влечена вечерва во Букурешт.
Црвено-жолтите се извлечени како потенцијален учесник во групата Ц која ќе се игра во Амстердам, покрај Холандија, Украина и противникот од квалификациите Австрија.
Но, доколку Романија обезбеди учество на завршниот турнир, Македонија ќе биде префрлена во групата Ф каде што се актуелниот светски шампион Франција, европскиот првак Португалија и Германија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Минхен и во Будимпешта.
Романија во полуфиналето од плејофот ќе се сретне со Исланд, а нејзиниот потенцијален противник во финалето ќе биде победникот од дуелот Бугарија – Унгарија.
Македонската репрезентација во полуфиналето ќе се сретне со Косово на 26 март в година, додека финалето се игра пет дена подоцна. Доколку Македонија стигне до финалето ќе игра против подобриот од средбата Белорусија – Грузија.