Во изминатава седмица советот на општината Аеродром донесе одлука за формирање општински совет за социјална заштита. Целта на овој совет е да се обезбедат квалитетни социјални услуги за граѓаните.
– Советот ќе има задача да изготви социјален план за територијата на општината, да ги мапира социјалните проблеми и ранливите групи во општината, да изврши анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјалните услуги во општината – велат од општината Аеродром.
Според информациите од општината, овој совет ќе биде составен од претставници на општинската администрација, полицијата, Министерството за труд и социјална политика, здруженија на граѓани како и од основните училишта и градинките на подрачјето на општината.