Илјадници топчиња мраз во форма на јајца покрија плажа во Финска како резултат на редок временски феномен, објави Би-би-си. Аматерскиот фотограф Ристо Метила беше меѓу оние што наидоа на ледените јајца на островот Хајлуото меѓу Финска и Шведска.
Експертите велат дека тоа е предизвикано од редок процес во кој малите парчиња мраз се превртуваат од ветрoт и водата. Метила за Би-би-си изјави дека никогаш досега не видел такво нешто.
– Бев со сопругата на плажата ‘Марјаниеми’. Времето беше сончево, околу -1 Целзиусов степен, и беше прилично ветровито – изјави тој за Би-би-си.
– Таму го најдовме овој неверојатен феномен. Имаше јајаца од снег и мраз по должината на плажата во близина на водоводната линија – вели тој.
Топчињата од мраз прекриле област од 30 метри. Најмалото топче било колку едно јајце, а најголемото колку фудбалска топка.
Слични феномени се пријавени и претходно во Русија и на езерото Мичиген кај Чикаго.
Во 2016 година жителите на Нида во Сибир пронајдоа џиновски топки мраз и снег што покриваа крајбрежје од 18 километри. Тие беа со големина на тениска топка па до речиси 1 метар.