Третманот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, го загрозува неговиот живот, оцени известувачот на ОН за тортура, Нилс Мелцер. Тој изрази загриженост поради здравствената состојба на Асанж по апсењето и притворот од почетокот на годинава, наведувајќи дека „неговиот живот е во опасност“.
-Ако Велика Британија не го промени однесувањето и нехуманата ситуација во која е и натаму изложен Асанж со арбитражноста и кршењето на неговите права, би можело да го чини и живот – рекол Мелцер.
Тој рекол дека посебно е загрижен поради новите информации од неколку доверливи извори, според кои Асанж влегол во „волшебен круг на анксиозност, стрес, немоќ, што е типично за лице изложено на продолжена изолација и постојана арбитрарност“.
Во САД Асанж е обвинет по 18 точки, вклучувајќи заговор, хакирање на владата и шпонажа. Во 2012 година тој се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон откако државата му даде азил. Тој тогаш избегна екстрадиција во Шведска каде е обвинет за сексуално злоставување. Во амбасадата во Еквадор помина седум години, сè додека не беше уапсен.