Албанскиот премиер, Еди Рама најави тужба против поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај поради изјавата дека Рама заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе добиеле 10 милијарди евра за поделба на Косово, пренесе „Коха“.
– Пред судовите во Косово, господинот ќе мора да дојде да го докаже како на маса ќе ги поделевме 10-те милијарди меѓу мене, Тачи и Вучиќ. Да му кажеш на народот дека 10 милијарди евра ќе сме делеле за поделбата на Косово и повторно да добиеш гласови, браво за оние што гласале за овој вид политика – рече Рама.