Анимираните филмови отсекогаш биле облик на медиум во кој најмногу уживаат децата. Приспособени на нивната возраст, нивните интереси и вкусови, тие може да бидат идеален извор од кој децата може многу да научат при нивниот развој и да добијат силна порака за воспитување.
Ви ги пренесуваме седумте најдобри класични анимирани филмови на сите времиња.
1. Снежана и седумте џуџиња (1973)
Снежана и седумте џуџиња е првиот долгометражен анимиран филм. Тогашната публика била воодушевена од филмот, а класичната приказна на браќата Грим ни денес не престанува да ги интересира децата. Освен што децата можат да ги следат авантурите на Снежана, ловецот, кралицата и џуџињата, од неа може да се извлечат и многу важни животни лекции.
Она што го пренесува приказната е дека доброто може да се најде во секој човек, исто како што и Снежана верувала дека ловецот има нешто добро во него.
Исто така, таа нè учи за важноста на пријателството, особено во тешки животни ситуации, кога Снежана останува сама во шумата. Една од најважните лекции за децата е дека тие треба секогаш да бидат внимателни во врска со непознати лица и да не ја отвораат вратата од својот дом или да разговараат со нив на улица.
2. Пинокио (1940)
Симпатичната дрвена кукла изработена во столарска работилница носи голем број животни лекции. Една од нив е важноста за позитивниот однос помеѓу децата и родителите. Родителите се најважните личности во животот на едно дете, а врската со нив е клучна за неговиот подоцнежен психолошки и емотивен развој.
Пинокио од почетокот има многу негативен став кон својот „татко“ Џепето, тој го исмејува и нема намера да ги слуша неговите совети за одење на училиште, што резултира со низа незгодни ситуации. Но со текот на времето Пинокио дознава дека „вистинските момчиња“ мора да бидат искрени, чесни и најдобра верзија од себе.
3. Авантурите на Вини Пу (1977)
Адаптацијата на детската приказна на Александер Ален Милн досега воодушевувала многу генерации, а од кадифеното мече Вини Пу и неговите пријатели, децата можат да научат многу лекции, како што се оние за различностите, заедништвото, неволјите што доаѓаат од алчноста (затоа што мечето постојано се впушта во неволји секојпат кога ќе посегне по уште една лажица мед), но и за вистинското пријателство.
4. Малата сирена (1989)
Сирената што се одрече од морскиот живот и која го жртвуваше својот опаш за вистинската љубов, можеби на прв поглед не се чини како да е најдобар пример за деца, но ако загребете под површината, ќе видите дека анимираниот филм заснован врз класичната бајка на Андерсен пренесува многу посилна порака.
Всушност, Ариел е личност што има чисто срце и едноставно се бори за она што го сака. Таа е свесна за тоа што ќе ја направи најсреќна и е подготвена да жртвува сѐ што е потребно, сепак внимавајќи да не повреди никого.
5. Убавицата и ѕверот (1991)
Уште еден класик на Дизни, кој ќе ги научи децата не само на лекциите за вистинската љубов туку и на пожртвуваноста и, што е најочигледно, неважноста на нечиј изглед во однос на неговиот карактер. Ликот на Ѕверот е идеален пример според кој можете да му објасните на детето дека околината често суди според изгледот, но исто така и да го предупредите дека тоа не е правилно. Напоменете му дека не треба никого да проценува врз основа на неговиот изглед, туку врз неговата личност.
6. Кошмар пред Божиќ (1993)
Малку поинаков филм на оваа листа од режисерот Тим Бартон, далеку од романтичните приказни на Дизни, но еднакво важен за секое дете. Во филмот се запознаваме со Џек Скелингтон, херојот во селото Халовин, кое има повеќедецениска традиција да ја слави Ноќта на вештерките. Џек сосема случајно открива дека во друг свет постои место што се нарекува Божиќ и сака да го пренесе во својот крај.
Од неговиот пример децата може да научат дека тревникот на соседот не е позелен и поубав и дека не можеме да добиеме нешто насила (дури ни со киднапирање на Дедо Мраз). Дека не треба да се споредуваме со другите, туку секојдневно да работиме на себе и да се споредуваме само со нашата поранешна верзија, исто како што и Џек ќе успее на крајот.
7. Кралот лав (1997)
Омилениот лик на многумина Симба и патувањето низ неговото растење е полн со пораки што децата треба да ги применуваат. Малиот Симба уште од своето раѓање беше одгледуван да стане крал и тој навистина го сакаше тоа повеќе од што било друго, без оглед на сите пречки од страна на лошиот Муфаса. Исто како и Симба, и децата треба да веруваат дека секој нивни сон може да се оствари кога ќе пораснат.
Овој анимиран филм наедно е и добар пример за нешто за кое ќе станат свесни дури дваесет години подоцна: минливоста и кругот на животот.