Како и секоја година, Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија го утврди пласманот на најдобрите клубови за обука за играчи што се активни во најсилните пет првенства во Европа, т.н. лига петка (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија), како и за фудбалерите во 31 европска лига. Табелите ги предводат Реал Мадрид и Партизан, пишува ЦИЕС.
За играчите од најсилните пет домашни првенства, Реал Мадрид (обучени 39 фудбалери, за три повеќе во однос на минатата година) ги надмина Барселона (34, ист број како лани) и Лион (30, пет помалку). На листата со 31 врвна лига во Европа, Партизан (75 тренирани играчи, шест повеќе во однос на минатата година) е пред Ајакс (72, пет помалку) и Спортинг (63, пет повеќе).
Според дефиницијата на УЕФА, клубовите што обучуваат фудбалери се екипи во кои фудбалерите играле најмалку три сезони на возраст меѓу 15 и 21 година, велат од ЦИЕС.