Педесет и три патници се повредени, меѓу кои еден потешко, во принудно слетување на авион на саудиската компанија „Саудија“ во понеделник вечер, кога на леталото му блокирале предните тркала, објавија денеска властите.
Ербас А330 полета од Медина, на западот на Саудиска Арабија, а во него се наоѓале 141 патник и 10 членови на екипажот. По полетувањето пилотите утврдиле дека има проблем со хидраучичниот систем.
Видео снимките на социјалните мрежи покажуваат како авионот слетува на трупот.
– Патниците се евакуирани. Меѓу нив, 52 се полесно повредени, додека една патничка се здоби со повеќе фрактури и се згрижена во болница – се вели во соопштението од Канцеларијата за истрага.
Истиот извор наведува дека е покрената истрага за инцидентот.