Руската пратеничка Инга Јумашева е приведена на аеродромот во Њујорк, соопшти руската амбасада во САД.
Јумашева била приведена од службеници на ФБИ. Поради инцидентот, руската амбасада до Стејт департментот упати протесна нота. Руската пратеничка допатувала во САД за да учествува на форум „Дијалог Форт Рос“, што се одржа во текот на викендот.
Од руската амбасада соопштија дека ѝ биле поставувани сосема нејасни, неразбирливи и неприфатливи прашања. Претходно, дел од делегацијата на Русија, која требаше да учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, не доби визи.