Жичницата на Водно ќе работи еден час помалку и сега наместо до 19 часот, граѓаните ќе можат да ја користат до 18 часот. Качувањето и спуштањето со жичницата на милениумскиот крст ќе биде возможно осум часа. Нејзиното ново работно време ќе биде од 10 до 18 часот. Последното возење од долу нагоре ќе биде во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надолу. Од јавното сообраќајното претпријатие информираат дека во согласност со утврдениот возен ред, работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември, што значи дека ќе важи само еден месец, по што ќе биде одредено новото, зимско време на возење.
– Од вчера 1 октомври, жичницата до милениумски крст ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот. Жичницата работи секој ден, освен секој понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот – информираат од ЈСП „Скопје“.