Поранешниот украински претседател Петро Порошенко е повикан да направи тест на детектор за лаги, објави денеска киевскиот Истражувачки институт за форензички тестирања.
Полиграфскиот тест е закажан за утре, пренесе ТАСС, цитирајќи ја изјавата на портпаролот на институтот.
Претходно, Државното истражно биро на Украина соопшти дека судот во Киев издал дозвола за испитување на поранешниот претседател со употреба на полиграф.
Дозволата е издадена во рамки на истрагата за случајот во кој Порошенко е осомничен за затајување данок по продажбата на телевизискиот канал „Приамои“.
Порошенко веќе беше испитан како сведок за овој случај.
Против поранешниот шеф на државата отворени се десетина кривични пријави откако загуби на претседателските избори минатата пролет. Тој е осомничен и за велепредавство, злоупотреба на положбата, како легализација на криминални приходи.