Во општината Центар за една седмица биле санкционирани 337 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Акцијата ја реализираа јавното претпријатие „Паркинзи на општината Центар“ и општината Центар, во соработка со сообраќајната полиција од Скопје.
– Во периодот од 16 до 22 септември 2019 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 198 непрописно паркирани возила, од кои седум несовесно паркирани возила на паркинг-места наменети за лица со посебни потреби.
Со поставување „блокатор“ се санкционирани 139 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.
ЈП ПОЦ и општината Центар континуирано водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила. Надлежните бараат почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот за да се одржуваат редот и безбедноста на улиците.