Националната опера и балет вечерва, во 20 часот, гостува во Прилеп, каде што во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи оперски гала-концерт, во пијано-придружба на Елена Сиљаноска.
На програмата се дела од Верди, Пучини, Доницети, Чајковски, Бизе и други композитори, кои ќе ги исполнат: Марјан Николоски (тенор), Злата Тошевска (сопран), Никола Стојчески (тенор), Невен Силјановски (баритон), Саша Смилевски (тенор), Марика Поповиќ (мецосопран), Павлинка Новакова Георгиев (сопран).