Врховниот суд во Шпанија пресуди дека остатоците од фашистичкиот диктатор Франциско Франко треба да бидат ексхумирани.

Судот го потврди планот на социјалистичката влада да ги пренесе остатоците од државниот мавзолеј на помалку контроверзно место – гробиштата, каде што беше погребана неговата сопруга. Жалбата на семејството на Френко против ексхумација беше одбиена.

Монументалниот мавзолеј на Френциско Френко, чиј огромен кровен крст е видлив и од голема оддалеченост, длабоко ја подели Шпанија и по повеќе од 40 години по неговата смрт.

Мавзолејот „Долина на паднатите“, кој е завршен во 1959 година, се наоѓа на околу 50 километри од Мадрид. Се состои од базилика долга 262 метри врежана во карпа и бенедиктинска опатија, а над целиот комплекс стои крст висок 150 метри и тежи речиси 200 илјади тони.