Амриканскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека телефонски разговарал со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за можен договор за взаемна одбрана на двата народа, пренесува „Ројтерс“.
Потегот може да ја засили актуелната кандидатура на Нетанјаху за реизбор на функцијата на само неколку дена пред Израелците да излезат на избори, .
– Разговарав со премиерот Нетанјаху за можноста да се тргне напред кон договор за взаемна одбрана меѓу САД и Израел, што дополнително ќе го зацврсти огромниот сојуз меѓу нашите две земји – напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека се радува на продолжението на нивниот разговор кое треба да се реализира месецов на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп со порака на Твитер во која се вели дека Израел никогаш немал поголем пријател во Белата куќа, додавајќи дека се радува на средбата во ОН со цел да се унапреди историскиот договор за одбрана меѓу САД и Израел.