Министерката за труд и пензии, Амбер Руд поднесе оставка и ја напушти Конзервативната партија. Таа смета дека брегзит по секоја цена не треба да биде главна цел на власта и додава дека не може да поднесе понатомошно останување во Владата, додека умерените конзервативци се отстранети.
Според Руд, отпуштањето на 21 пратеник од Конзервативната партија е напад на пристојноста и демократијата.
Владата соопшти дека е разочарана од оставката на талентираната министерка. Пред неколку дена Владата ја напушти и братот на премиерот, Џо Џонсон.
Истовремено, полицијата уапси 16 луѓе по судирите на плоштадот кај парламентот во Лондон. Нередите ги предизвикаа околу 200 фудбалски навивачи и десничари-приврзаници на брегзит, кои се судрија со противниците за излез на земјата од ЕУ.
Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, е за свикување вонредни избори, но само ако биде апсолутно јасно дека Британија нема да излезе од Унијата без договор.