Цените на природниот гас во Европа оваа недела паднаа на најниското ниво изминатава деценија, во време кога Русија и САД се во отворена битка за поголем удел на европскиот пазар.
Очекувањата на експертите се дека цените ќе продолжат да паѓаат поради вишокот понуда, покажува анализата на консултантската компанија „Ристад енерџи“.
Резервите низ северозападна Европа, Италија и Австрија на 28 август достигнале ниво од 62,3 милијарди кубни метри, или 94 проценти од капацитетот.
И покрај падот на цените на гасот, Русија и САД драстично го зголемија извозот во првите пет месеци од оваа година. Русија учествуваше со 38 проценти во европската потрошувачка на гас минатата година.