Сеизмолошката служба на Република Хрватска денеска забележала посилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер, со епицентар кај Тузла во БиХ, кој се почувствувал и во Славонија и Барања во Хрватска.
-Во петок, 30 август, во 15 часот и 1 минута, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар кај Тузла (БиХ), 64 километри југоисточно од Славонски Брод. Магнитудата на земјотресот беше 4,9 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот V-VI (пет до шест) степени – се вели во соопштението на хрватската сеизмолошка служба.
Според досегашните информации од БиХ, не е забележана поголема материјална штета, но биле уништени фасади на неколку куќи во Тузла.