Глумицата Виола Дејвис ќе ја игра бившата прва дама на САД, Мишел Обама, во новата телевизиска серија „Прва дама“, објавија американските медиуми. Серијата ќе се занимава со ликот и делото на сопругите на американските претседатели во текот на историјата.
Мишел Обама, Елеонор Рузвелт и Бети Форд ќе бидат во фокусот на првата епизода, за која сценариото го напиша романописецот Ајрон Коли.
Серијата „Прва дама“ ќе даде увид во личниот и политичкиот живот на жените на американските лидери. Серијата ќе прикажува колку главни политички одлуки се донесени во источното крило на Белата куќа, каде што свои простории имаат првите дами и нивниот персонал.
Семејството Обама мина осум години во Белата куќа, од 2008 до 2016 година.
Мишел неколкупати досега се сретнала со глумицата Виола Дејвис, која многу добро ја познава. Токму таа во 2017 година на својот профил на Фејсбук ѝ оддаде почит на госпоѓа Обама, така што ја објави заедничката фотографија на Барак и Мишел, а под неа напиша „Продолжете да блескате и да влијаете на идните генерации“.
Дејвис доби „оскар“ за најдобра споредна улога во 2017 година, за актерското остварување во драмата „Фенсис“, објави Би-би-си.