Британската кралица Елизабета Втора го одобри барањето на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон за суспензија на работата на Парламентот во времетраење од пет седмици.
Џонсон од кралицата побара суспензијата да стапи на сила само неколку дена откако пратениците во септември ќе се вратата на работа, и на само неколку недели пред рокот за Брегзит, пренесува Би-би-си.
Пратениците од опозицијата тврдат дека со овој потег, Џонсон го намалува времето во кое парламентарците би можеле да се обидат да блокираат Брегзит без договор.