Министерката за правда Рената Дескоска најави дека ако власта не успее да обезбеди двотретинско мнозинство, ќе иницира измени на закон за совет за обвинители или други закони. Таа повтори дека ВМРО-ДПМНЕ опструира само за да ги спаси своите функционери од судските процеси.
– ВМРО-ДПМНЕ ретерира од решенија кои беа ставени во предлог текстор на нивно барање.Клучната разлика е во разрешницата на судските постапки на СЈО. На ВМРО-ДПМНЕ им е побитно да ги спасат обвинетите од СЈО отколку квалитетен закон. Се надевам дека кога ќе достават амандмани, 80 пратеници да смогнат сила да поддржат закон – изјави Дерскоска.
Собранието претходно ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО. За предлогот гласаа 57 пратеници. Со ова почнува расправата за овој предлог закон во собраниските комисии.