Жителите на Кашмир живеат под блокада откако Индија ја укина уставната автономија на спорниот регион. Незадоволното локално население постави блокади, спречувајќи го влезот на индиските безбедносни сили во регионот кој се соочува со протести и со рестрикции.

Индија на почетокот на месецов испрати десетици илјади дополнителни трупи во Кашмир, ги затвори училиштата и факултетите, на туристите им нареди да заминат, додека Интернет и телефонската комуникација беше прекината.