Кеану Ривс, еден од омилените холивудски ѕвезди, деновиве ги збуни своите обожаватели со својот нов изглед. Имено, 54-годишниот глумец во моментов го снима филмот „Били и Тед се соочуваат со музиката“ и неговиот изглед е приспособен на улогата. Актерот кого ретко можете да го видите без кошула, а негов заштитен знак е и косата до раменици, сега ја избричил главата и пуштил брада, па многумина прокоментирале дека не личи на себе.
Обожавателите се согласни дека додека тој е задоволен со новиот изглед и тие се.
Неодамна, повеќе од 100.000 негови обожаватели потпишаа петиција со која бараат магазинот „Тајм“ да го прогласи Ривс за човек на годината.
– Тој е најдобрата личност на светот. Во тајност донирал милиони за детски болници и други хуманитарни установи. Правел неверојатни работи за луѓето не барајќи ништо за возврат – вели Џексон Бим, кој ја почна петицијата.
Магазинот „Тајм“ секоја година прогласува личност на годината, а лани оваа титула ја доби убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги.